Милан ќе направи се за да го задржи Леао, ќе помогнат и соиграчите

by
1 минути читање

Според „Тутоспорт“, Милан е подготвен да го направи Рафел Леао најплатен фудбалер во клубот. Да му понуди плата од околу 7 милиони евра по сезона.

Весникот пишува дека клубот помош ќе добие и од соиграчите со тоа што тие ќе ветат дека нема да бараат покачување доколку Леао добие мега договор. Неговите соиграчи ја сфаќаат важноста на неговото останување во клубот и ќе дадат поддршка за тоа да се оствари.

Милан се плаши дека клубовите од Премиерлигата можат да му понудат плата која не може да му ја понудат росонерите. 

Доколку не успеат да го продолжат договорот со Леао, една од алтернативите ќе биде ѕвездата на Рома, Николо Заниоло.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×