Како Ливерпул му го украде Гакпо на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо беше цел на Манчестер јунајтед уште од минатото лето. Ерик тен Хаг е фан на својот сонародник кој многу добро го познава од настапите во холандската лига.

Манчестер јунајтед се поврзуваше со Гакпо, се распрашуваше за него, но никогаш не направи конкретен чекор.

Поради таа неодлучност и бавност на Манчестер јунајтед тој не заврши на Олд Трафорд.

Според Фабрицио Романо, Ливерпул некое време во тајност преговарал со претставници на фудбалерот, а откако ги договориле личните услови, тие веднаш стапиле во контакт со ПСВ и им го дале тоа што го бараат. Трансферот за неколку часа бил договорен.

Тоа ќе биде рекордна продажба на ПСВ, 37 милиони фунти, плус 13 милиони фунти во бонуси.

Одлучноста и експресната брзина на Ливерпул, ја победи неодлучноста и бавноста на Манчестер јунајтед.

Фудбалерот не преферирал ниту една дестинација, бил подготвен да оди и во Манчестер и во Ливерпул, и само конкретноста на црвените од Енфилд ја направило разликата.

Значајно било и тоа што Клоп лично му се јавил на Гакпо и му ги кажал плановите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×