Играше со Карлос, Роналдо, Бекам, Касиљас… сега работи како полицаец (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мигел Анхел Нето ги помина сите категории на Реал Мадрид, стигна и до првиот тим, каде во сезоната 2006/07 делеше соблекувална со „галактикос“ ѕвездтите како Роберто Карлос, Роналдо, Дејвид Бекам, Фабио Канаваро, Руд ван Нистелрој, Икер Касиљас, Раул и уште многу други.

Мигел Анхел Нето таа сезона дебитираше во Лигата на шампиони и во Ла Лига, но никогаш не се наметна сериозно па кариерата ја помина во клубови од втората и третата лига.

Во 2019 реши да ги обеси копачките на клин, но наместо да остане во фудбалот, тој реши да си оствари уште еден детски сон, да стане полицаец.

„Живоетот е етапи. Како фудбалер, си ги остварив сите соништа. Играв за клубот на мојот живот, делев соблекувална со големи имиња, дебитирав во Лигата на шампиони. Кога се ближеше крајот на мојата фудбалска кариера, почнав да размислувам што ќе правам во иднина. Секогаш сум имал голема почит и восхит кон полициски службеници, па решив да станам полицаец“ – вели Мигел Анхел Нието.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×