За разлика од другите англиски играчи кои беа на Мундијалот во Катар, Филипс не беше во комбинација за дуелот со Ливерпул. Пеп Гвардиола објасни зошто.
„Не е повреден. Дојде со поголема тежина. Не знам зошто. Не пристигна во состојба да може да тренира и да игра. Затоа не играше. Кога ќе биде подготвен ќе игра, бидејќи потребен ни е. Потребен ни е многу“, откри Гвардиола.
Филипс пред почетокот на Светското првенство се жалеше на повреда на рамото, но се рехабилитираше навреме и отпатува во Катар. На Мундијалот само двапати влезе во игра.
Тој имаше десет дена одмор од елиминацијата на Англија до враќање во составот на Сити. Веројатно во тој период се опуштил повеќе од потребното и пристигнал со зголема тежина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК