Манчестер јунајтед се обидува да донесе две мега засилувања

by
1 минути читање

Се работи за Енцо Ернандез и Коди Гакпо за кои Манчестер јунајтед можеби ќе треба да издвои и 200 милиони евра за да ги добие.

Според „Мирор“, Манчестер јунајтед влегол во преговори со ПСВ Ајндховен за Коди Гакпо. Холандскиот клуб е во финансиски проблеми, па црвените ѓаволи сакаат да го искористат тоа.

Интересот за 23-годишниот Холанѓанец не е мал, ПСВ сигурно нема да го продаде под 60 милиони евра, а може таа цена да оди и нагоре.

Од друга страна пак португалскиот новинар Бруно Андраде пишува дека Манчестер јунајтед ја презема трката за Енцо Ернандез и е подготвен да ја плати откупната клаузула која ја има фудбалерот во својот договор со Бенфика.

Тоа се 120 милиони евра. Манчестер јунајтед сака да ја плати оваа сума и да избегне било каква конкуренција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×