Барди се очекува да настапи на таа пресметка, за него тоа ќе биде прво дерби против Фенербахче, за разлика од него, дуелот би требало да го пропушти Алиоски поради повреда.
„За мечевите со Фенербахче ми зборуваат од прв ден откако сум тука и можам само да претпоставам каква сè ќе биде атмосферата и сега ќе имам шанса да ја доживеам и да ја почувствувам. Можам само да замислам што ќе биде“, вели Барди.
Трабзонспор не беше на нивото во првиот дел од сезоната, во моментов е на седмото место со 23 освоени бода, шест помалку од Фенербахче. Со победа во дербито може да дојде до -3 во однос на лидерот.
„Прво да го победиме мечот, зашто ако го сториме тоа, тогаш ќе знаеме колку сме близу до врвот и колку ќе ги израдуваме нашите навивачи. Ние се подготвуваме на тој начин дека ќе победиме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.