Енцо Фернандез е
едно од имињата кои со добрите партии на Светското првенство го привлекоа
вниманието на многу клубови. Аргентинецот ја доби и наградата за најдобар млад
фудбалер на мундијало во Катар, па дополнително си ја зголеми цената.
Како што
пренесува Рекорд, за неговите услуги пристигнала понуда од 100 милиони евра, но
Бенфика без многу двоумење го одбила предлогот.
Во моментов нема
информации кој клуб доставил вака понуда, претходно се пишуваше дека Ливерпул,
Реал Мадрид и Челси сериозно загризале за услугите на Енцо Фернандез.
Во неговиот
договор има откупна клаузула од 120 милиони евра, и ова е сумата која Бенфика
ја бара за трансфер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.