Хрватска имаше
нова успешна мундијалска бајка, „коцкестите“ на Светското првенство во Катар ја
освоија бронзата.
Еден од најзаслужните
за тоа беше голманот Доминик Ливаковиќ, јој бранеше фантастично цело првенство,
а особено беше маестрален во победите на пенали против Јапонија во
осиминафиналето и Бразил во четвртфиналето.
Голманот на
Динамо Загреб на „самураите“ им фати дури три пенали, па со право беше
прогласен за херој на мечот. Дресот од тој натпревар е мало богатство, а нашиот
Стефан Ристовски на социјалните мрежи се пофали дека имал среќа да го добие и
да има убав спомен од неверојатната приказна на Хрватите во Катар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.