Атлетико Мадрид
мора да продава за да ги баланзира сметките по елиминацијата во Лигата на
шампионите и прв кој ќе го напушти клубот во јануари е Матеуш Куња.
Напаѓачот ќе се
пресели на позајмица во Вулверхемптон, „волците“ исто така ќе имаат обврска во
целост да го купат за 50 милиони евра.
За Атлетико
Мадрид ова ќе биде одлична зделка откако пред само 18 месеци го купија Матеуш Kуња за 25 милиони евра, тој не прикажа
ништо, но и покрај тоа ќе
имаат можност двојно повеќе да добијат за неговите услуги.
Напаѓачот има само
7 погодоци зад своето име на 54 натпревари во дресот на „колчонерите“, оваа
сезона ниту еднаш не ја тресеше противничката мрежа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.