Венгер под истрага на ФА, францускиот стратег го очекува суспензија

by
1 минути читање

Венгер го навредуваше судијата, не сакаше да излезе од теренот иако беше пратен на трибини остана во тунелот и го бутна четвртиот судија, Ентони Тејлор кој инсистираше Французинот да замине во соблекувалната.

Венгер полуде на пеналот кој го доби Барнли во 92. минута, по што беше исклучен од игра, но тогаш настанаа проблемите кои ги направи Французинот.

„Околу 92. минута Венгер користел навредливи зборови кон четвртиот судија. Дополнително откако му било кажано да ја напушти техничката зона, тој останал во тунелот и имал физички контакт со четвртиот судија“ – се вели во соопштението на ФА.

По мечот Венгер се правдаше дека не направил ништо лошо, но јасно е дека за него ќе следува суспензија.

За сличен инцидент во 2012 година, тогаш менаџерот на Њукасл, АЛан Пардју беше казнет со два меча суспензија и 20.000 фунти парична глоба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани