Агуеро: Поради срцето не можев да играм на СП, но тоа сега е среќно

by
2 минути читање

Агуеро беше дел од селекцијата на Аргентина во мечевите од квалификациите за СП, но поради проблеми со срцето мораше предвреме да ја заврши фудбалската кариера и затоа не беше дел од Мундијалот.

Тој облечен во дрес излезе на теренот заедно со неговите соиграчи и се радуваше на трофејот, во Буенос Аирес беше на автобусот заедно со фудбалерите на Аргентина.

Тој на социјалните мрежи беше критикуван дека со опрема се спуштил на теренот, а не е еден од играчите кои го освоија СП. Агуеро одговори на таквите критики.

„Знам. Но, за мене тоа беше нормално бидејќи пред една година јас бев со нив. Тие беа мои соиграчи, пријатели, се. Поради срцето не можев да продолжам но најубава работа е дека моето срце беше среќно и никогаш нема да го заборавам тоа“, напиша Агуеро на социјалните мрежи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани