Вегхорст за расправијата со Меси на мундијалот во Катар: Барем сега ми го знае името

by
1 минути читање

Натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија беше тензичен и полн со провокации, недоразбирањата продолжија и по последниот свиреж на судијата.

Лео Меси додека даваше интервју влезе во вербален дул со Вут Вегхорст, и му рече: „Што сакаш? Што гледаш? Бегај таму глупаку?“.

Холанѓанецот повторно ја раскажа својата страна на приказната и по синоќешниот натпревар помеѓу Бешикташ и Шанлиурфаспор во Купот на Турција рече: „На натпревар, за мене, сите на теренот се еднакви, не ме интересира дали играм против Меси или против (дефензивецот на Шанлиурфаспор) Бурак“.

„Се борам, не се повлекувам од дуел и оставам се на теренот. Го правев тоа и против Аргентина. Имав некои моменти со Меси, беше изненаден од тоа што го правев и не му се допадна“.

„Имам огромна почит кон него, мислам дека е еден од најдобрите во историјата. Па по крајот на натпреварот сакав да покажам почит, но тој не беше расположен, ми беше малку лут“.

„Но барем сега ми го знае името“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×