Иако е забрането пехарот да биде допиран од било кој друг освен од оние кои го освоиле, на Нусрет Гокче тоа не му беше грижа, тој трчаше да се слика со дел од аргентинските фудбалери кои со кисели насмевки беа во негово присуство.
Голем дел од јавноста беше гневна на однесувањето на Турчинот, а почнаа шпекулации дека ќе му биде забранет влезот на следниот Мундијал. Тоа не е потврдено, но во меѓувреме стигнуваат други забрани.
Првата забрана за турскиот готвач доаѓа од „Ју Ес Опен Куп“ кој објави дека на „Солт Бае“ му е забранет влез за финалето.
Salt Bae is hereby banned from the 2023 @opencup Final
— U.S. Open Cup (@opencup) December 20, 2022
Тој веројатно секако немаше да присуствува таму, но ова доволно говори какво мислење се создаде за него во јавноста по неговото очајно трчање по аргентинските ѕвезди за да се слика со пехарот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.