Од главен играч во Ливерпул, до резерва во Астон Вила, Филипе Кутињо сака да се врати во Бразил

by
1 минути читање

Филипе Кутињо
беше главен играч во Ливерпул, но неговата кариера тргна во надолна линија
откако Барселона силно притисна и плати 120+40 милиони евра за неговите услуги
во јануари 2018.

Бразилецот
никогаш не се наметна на Камп Ноу, а имаше и неуспешна кратка авантура во Баерн
Минхен.

Вториот дел од
сезоната 2021/22 го помина на позајмица во Астон Вила, каде на момент потсети
на старата добра форма, и си обезбеди перманентен трансфер на „Вила Парк“.

Сепак, оваа
сезона тој игра далеку под очекувањата, нема ниту гол, ниту асистенција во
Премиерлигата, креира премалку, па беше седнат на клупата.

Останува да се
види каква ќе биде неговата улога под водство на Унаи Емери, но почнуваат да се
појавуваат гласини за заминување, Филипе Кутињо размислува за промена на
средината, па дури и да достави барање за трансфер.

Се шпекулира дека
Коринтијанс сака да го врати Филипе Кутињо во Бразил, но платата на фудбалерот
е проблем, па се разгледува можноста за позајмица во која Астон Вила ќе плаќа 50%
од примањата на плејмејкерот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×