Пиоли на нова позиција ќе го проба Де Кетеларе

by
1 минути читање

Милан го купи Де Кетеларе за 35 милиони евра, неговиот учинок е само една асистенција на 18 одиграни натпревари. Тој е најскапото засилување на ова раководство на росонерите.

Стефано Пиоли и Паоло Малдини рекоа дека не брзаат со Де Кетеларе и дека на фудбалерот му е потребно време да се прилагоди. Таков беше примерот и со Сандро Тонали и Рафел Леао кои исто така не блескаа во првата сезона, но клубот веруваше во нив, а тие во меѓувреме станаа многу подобри.

Според италијанските медиуми, Пиоли е подготвен да му ја промени позицијата на Де Кетеларе, да го стави како централен напаѓач на некои од натпреварите.

Тој обично игра зад напаѓачите како офанзивен играч од средниот ред и ги разигрува соиграчите, но од јануари ќе почне да настапува и како прв напаѓач.

Тоа нема да биде нешто ново за Де Кетеларе. Тој имал таква улога и во Клуб Бриж, а понекогаш и во националниот тим.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани