Во Буенос Аирес сите се излезени на улица за да ги поздрават Светските шампиони, веќе не може игла да падне на плоштадот и симболот на градот, Обелискот.
Безбедносните служби сметаат дека ситуацијата е алармантна, па за да не дојде до немил настан, променета е маршутатат на автобусот со фудбалерите на Аргентина.
Но тоа предизвика само дополнителен хаос, луѓето почнаа да трчаат за да ги видат своите миленици, на улиците има река од навивачи, a автобусот практично и да не се движи и му треба многу повеќе време од планираното за да стигне до конечната дестинација.
Se estiman que 4 MILLONES DE PERSONAS FORMAN PARTE DEL MULTITUDINARIO FESTEJO del CAMPEÓN DEL MUNDO en las calles de Buenos Aires. pic.twitter.com/J0sYXRo2de
— TyC Sports (@TyCSports) December 20, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.