Се размотува клопчето: Двајца искусни играчи на Франција не сакале Бензема да се врати во репрезентацијата

by
2 минути читање

На два дена пред стартот на Светското првенство, Бензема се повреди и објави дека нема да игра на Мундијалот. Но Дешам не повика нов фудбалер и го остави неговото место за враќање отворено, тој на хартија фигурираше дека е дел од селекцијата и можеше да се врати во текот на натпреварувањето.

Бензема во меѓувреме се опорави од повредата, но Дешам не го повика назад и покрај големите проблеми со повреди и болести во репрезентацијата.

Угледот на Бензема во селекцијата на Франција се наруши во 2015 година со аферата со уценување на Метју Валбуена поради која напаѓачот беше отстранет од репрезентацијата се до ЕП 2020 кога Дешам го врати во тимот.

Новинарот Молина открива дека капитенот Хуго Лорис и Антоан Гризман биле против враќање на Бензема во селекцијата. Тие сакале тој воопшто да не биде повикан, но Дешам не можел да им ја учини таа желба бидејќи напаѓачот на Реал Мадрид ја доби Златната топка и едноставно не смее да не биде повикан. 

Сепак откако Бензема веќе си заминал поради повреда, на Дешам му било полесно да прифати молбите на Лорис и Гризман и не го врати во селекцијата на Франција.

За разлика од Лорис и Гризман, Оливие Жиру бил најмногу за останување на Бензема во составот без разлика што тој му е директна конкуренција на позицијата напаѓач. Жиру немал против да седи на клупата ако Бензема дојде и игра како стартер.

Како резултат на сите овие случувања во француската репрезентација, Бензема синоќа објави крај на кариерата во националниот тим.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани