Беше најавено дека ќе немаат пречек, но на крај Французите беа пречекани како шампиони! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По поразот не им беше до било какво славје, сакаат што побрзо да си заминат дома, да се одморат и да ги средат впечатоците.

Но, планот се промени, фудбалерите се појавија во Париз каде што добија величенствен пречек од илијадници луѓе кои знаат да го почитуваат напорот на своите миленици и покрај тоа што не го одбранија големиот трофеј.

Селекторот Дидие Дешам објасни зошто одлуката била променета и тие сепак одлучиле да се појават на пречекот.

„Наша должност е да им се заблагодариме на сите Французи кои ни дадоа поддршка, а со тоа и многу сила во текот на Светското првенство. Ги споделивме фантастичните емоции, дури и кога последниот меч заврши болно. Но не смееме да заборавиме што се направија овие фудбалери иако имавме многу потешкотии пред и во текот на Светското првенство. Не им е секогаш лесно на играчите, доживеаа големо емоции во текот на првенството. За нас и играчите многу е важно да ја поздравиме оваа публика“, рече Дешам.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани