Погба нема шутнато топка оваа сезона а го чини Јувентус 5,24 милиони евра

by
1 минути читање

Пол Погба
минатото лето се врати во Јувентус, требаше да биде големо засилување за Макс
Алегри, но во моментов е само голем трошок за „старата дама“.

Тој се повреди на
подготовките во САД, потоа калкулираше со третманот поради желбата да настапи
на мундијалот во Катар, но чекорите кои ги превзеде беа погрешни, не само што
не настапи на Светското првенство, не е јасно кога ќе се врати на терените.

„Пол нема истрчано
ниту еден метар, не знам кога ќе се врати“
– неодамна изјави Макс Алегри.

Јувентус нема да
ризикува и ќе внимава со оглед на тоа дека фудбалерот од средниот ред е надвор
од стројот пет месеци.

Пол Погба оваа
недела треба да почне со индивидуален тренинг, и по божиќните празници полека
да го зголеми интензитетот на работа и да тренира со преостанатиот дел од
тимот.

Многумина се
надеваат дека Пол Погба ќе може да настапи на дербито против Наполи на 13. јануари,
но како што пренесува Газета дело Спорт, големи се шансите тој да почне да игра
дури во февруари.

Весникот исто
така додава дека Пол Погба до овој момент го чини Јувентус 5,24 милиони евра на
име на плати иако нема шутнато топка оваа сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×