Меси вечер нема да спие сам, Агуеро повторно ќе му биде цимер!

by
1 минути читање

Лео Меси и Кун
Агуеро заедно пораснаа во младинските селекции на Аргентина, а потоа постојано
беа цимери и на сите сениорски натпреварувања.

Сепак, Кун Агуеро
мораше предвреме да ја заврши кариерата поради здравствени причини, па не е дел
од Светското првенство, а Лео Меси не сакал да дели соба со друг фудбалер и во
Катар спиеше сам.

Но како што пренесуваат медиумите
од Аргентина, Лео Меси вечер нема да спие сам, Кун Агуеро ќе му
биде цимер во пресрет на финалето против Франција.

Кун Агуеро
изминативе денови беше присутен во тренинг центарот на „гаучосите“, дури се
појави и на еден тренинг, па паднал договор тој да продолжи да биде дел од
експедицијата и да му прави друштво на својот добар пријател.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани