Нејмар го навлече гневот на бразилската јавност, си организирал забава со манекенки и познати личности

by
1 минути читање

Силни критики на
адреса на Нејмар откако беше објавено дека напаѓачот организирал забава, само неколку
дена по поразот од Хрватска на пенали во четвртфиналето на Светското првенство
и изјавата дека е „психолошки уништен“.

И покрај тоа што
имало забрана за мобилни телефони со цел се да биде дискретно, се дозна за
забавата со манекенки и познати личности во вилата на сестрата на Нејмар. Како
гости биле и неколку соиграчи од репрезентацијата, низ медиумите кружи името на
Антони.

На бразилската
јавност не и се допадна ова, а еден од критичарите вели: „Секој има право да се
забавува, но ако сте психолошки уништен, не сте способни за забава. Мора да се
покаже почит кон бразилскиот народ“.

„Дали видовте Кристијано
Роналдо да прави забава по елиминацијата? Дали видовте Кевин де Брајне да прави
забава?“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани