Изминативе денови имаше многу шпекулации за здравјето на Синиша Михајловиќ, а попладнево пристигнаа најлошите вести. По долга борба со болеста, српската фудбалска легенда почина на 53-годишна возраст.
Медиумите од Италија сега потсетуваат на последното појавување на Синиша Михајловиќ во јавност. Пред две недели, на почетокот од декември, тој го изненади добриот пријател Зденек Земан, и дојде на неговата промоција на книга.
Србинот упати и многу убави зборови за стратегот од Чешка и рече: „Нема освоено трофеј на теренот, но реално има освоено многу повеќе. Инспирираше многу фудбалери, ги забавуваше навивачите и донесе нешто ново во Италија. Пред тој да дојде, во Серија А се играше со идејата да не се изгуби, по неговото доаѓање, работите се променија. Тој остави трага во калчото“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.