Серхио Бускетс се повлече од репрезентацијата и им се заблагодари на сите, од обезбедување и економ, до селектор

by
1 минути читање

По неуспехот на
мундијалот во Катар и елиминацијата во осминафинале, Серхио Бускетс реши да се
повлече од репрезентацијата на Шпанија.

„По 15 години и
143 натпревари, дојде време да му кажам збогум на националниот тим. Сакам да им
се заблагодарам на сите луѓе кои ме следеа во ова патување. Од Висенте дел
Боске, кој ми даде шанса да влезам во репрезентацијата, до Луис Енрике кој се
погрижи да уживам до последен миг. Сакам да ги спомнам Хулен Лопетеги, Фернандо
Јеро и Роберт Морено, како и нивниот персонал“ 
– се вели во пораката на фудбалерот на Барселона.

Тој потоа им се
заблагодари на сите соиграчи со кој ја делел соблекувалната а не ги заборави и
сите луѓе од експедицијата, за кои смета дека даваат важен допринос како
физиотерапевти, доктори, економи, делегати, нутриционисти, луѓето од пресот,
обезбедувањето, оние кои ги организираат патувањата итн…

Во дресот на
Шпанија, Серхио Бускетс стана светски шампион во 2010, а го освои и Европското
првенство во 2012.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×