Роналдо не му кажа ниту едно фала на Сантош по отказот на стратегот

by
1 минути читање

Фудбалската
федерација на Португалија синоќа соопшти дека е прекината соработката со
Фернандо Сантош по лошиот настап на Светското првенство.

Стратегот осум
години беше на кормилото на „селесао“, ги предводеше до триумф на ЕВРО 2016, но
по случувањата на мундијалот во Катар, очигледно се расипаа односите со некои
фудбалери, еден од нив е главната ѕвезда, Кристијано Роналдо.

ЦР7 беше седнат
на клупа на дуелите против Швајцарија и Мароко, јасно е дека ова не му се
допадна на напаѓачот, па тој не му кажа ниту едно фала на Фернандо Сантош откако
беше објавена информацијата за отказ на стратегот.

Никаква порака не
испрати и Жоао Кансело, кој исто така го загуби првотимскиот статус на дуелите
против Швајцарија и Мароко.

Играчи како Диего
Кошта, Жозе Са, Диего Далот, Антонио Силва, Жоао Палиња, Рубен Невеш, Рикардо
Хорта и Рафеал Леао, исто така решија да молчат.

Бруно Фернандеш
беше еден од оние со емотивна порака, фудбалерот на Манчестер јунајтед на
социјалните мрежи напиша: „Голема благодарност до господинот Фернандо Сантош.
Ти благодарам за шансата да го носам дресот на репрезентацијата и довербата
која ја имаше во нас изминативе години“.

„Како Португалец,
ти благодарам што ја смести Португалија на врвот во Европа и што ја врати
самодовербата и вербата во „мала“ земја дека може да им парира на „големите““.

„Имаше моменти на
слава и радост, имаше и моменти на тага и фрустрација, но беше креирана
историја и секогаш ќе бидеш во срцата на сите Португалци“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×