Вучиќ: Во мечот за третото место ќе навивам за Мароко, тие се нашите браќа

by
2 минути читање

Мароко е вистински хит на Мундијалот, тие испишаа историја како прва африканска земја која стигнала до полуфинале на Светско првенство, а во сабота против Хрватска ќе се борат за бронза.

Претседателот на Србија, вели дека во тој меч ќе навива за Мароко бидејќи тие не го признале Косово.

„Не знам за кого ќе навивам во финалето, но знам за кого ќе навивам на мечот Хрватска – Мароко, дуелот за третото место. Ќе навивам за Мароко, тие се наши браќа. Вистински браќа затоа што никогаш не го признаа Косово. И тие имаат проблем со Западна Сахара. И сега ќе ми кажете цел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да кажам дека не навивам зашто се муслимани? Епа, тие се наши браќа, пријатели“, вели Вучиќ.

Тој вели дека на сите натпревари на Хрватска навивал за нивните противници.

„Јас сите ги почитувам, одете во Хрватска на море – јас не сакам! Навивајте за Хрватска, не знам колку ве има 11-12 отсто – јас не сакам! Честитам на големиот успех, ама јас навивав за Аргентина и за сите други да бидам искрен. И така ќе биде и во иднина и никој нема да ми забрани никогаш и секогаш ќе зборувам слободно“.

За разлика од претседателот Александар Вучиќ кој јавно ги искажува своите националистички ставови во однос на Хрватска. Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ јавно ги бодри Хрватите. Тренер му е хрватската тениска легенда, Горан Иванишевиќ, па не стравува од реакциите на дел од српското население за неговата поддршка кон Хрватска.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани