Манчестер Сити крои планови да му украде фудбалер на Арсенал

by
1 минути читање

Според англискиот медиум „90мин“, Пеп Гвардиола на списокот со желби ги ставил Белингем и Сака.

Белингем ја игра последната сезона во Борусија Дортмуна, а на лето ќе биде продаден. Тој беше пик на Ливерпул и Реал Мадрид, но во трката ќе се приклучи и Манчестер Сити откако фудбалерот имаше одличен настап на Мундијалот во Катар.

Но, можеби неочекувано на листата е и играчот на Арсенал, Букајо Сака кој исто така се покажа во одлично светло во Катар.

Неговиот договор со Арсенал истекува во летото 2024 година, тој се уште не успеа да се договори со топчиите за продолжување на соработката, и таквата ситуација е интересна за Сити.

Ако Арсенал не успеа да го убеди Сака да потпише нов договор, ќе мора да го продаде на лето доколку не сака тој една сезона подоцна да си замине за беспари од клубот.

Манчестер Сити ја следи ситуацијата со преговорите на Сака и Арсенал и е подготвен да реагира доколку двете страни не успеат да се договорат.

Се очекува во наредниот период да почнат клучните преговори меѓу претставниците на Сака и Арсенал, по што ќе се знае иднината на офанзивниот фудбалер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани