Реал Мадрид излезе со соопштение во кое потврди дека потпишале договор со големиот талент на Палмеирас, Ендрик.
Но тој ќе пристигне во Реал Мадрид откако ќе наполни 18 години, односно во јули 2024 година. Дотогаш ќе остане во Палмеирас и ќе продолжи да го носи дресот на бразилскиот клуб.
Во наредните денови Ендрик ќе пристигне само на посета во Реал Мадрид, за да ги види условите во кралскиот клуб и подобро да се запознае со средината каде што ќе игра за некоја година.
Според претседателот на Палмеирас, ова е најголемата продажба во бразилскиот фудбал. Реал Мадрид ќе плати 35 милиони евра, плус 25 милиони евра во бонуси и уште 12 милиони евра за даноци.
Договорот е потпишан до 2027 со можност за продолжување до 2030 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.