Каква грешка, платил богатство за маички со натпис „Англија е Светски шампион, фудбалот се врати дома“

by
1 минути читање

Англија има
одлични фудбалери во своите редови, па пред секое големо натпреварување,
навивачите сонуваат дека е време да стигнат до трофеј.

Истото го мислел
и Карл Бакстер, кој по добрите партии на момците на Саутгејт во Катар, решил да
оди чекор понапред.

Тој набавил
18.000 маички со натпис „Англија е Светски шампион, фудбалот се врати дома“, и сакал
добро да заработи од успехот на „трите лава“, идејата била една маичка да ја
продава за 29,99 фунти (да оствари приход од речиси 560.000 фунти).

Но сега ги брои
загубите и мака мачи да се ослободи од маичките откако Англија се сопна на
првиот сериозен тест и загуби од Франција во четвртфиналето.

Карл Бакстер ги
продава маичките за само 9,99 фунти, ама тешко наоѓа купци.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани