Селекторот на Мароко тера мајтап: Што ќе ми е „тики-така“ со два шута на гол… ако не да даваме бод за 60% посед на топка!

by
1 минути читање

Мароко е големото
изненадување на мундијалот во Катар, во група со Белгија и Хрватска заврши на
првото место, потоа во осминафиналето ја елиминираше Шпанија, за во
четвртфиналето да ги испрати дома Кристијано Роналдо и Португалија.

Пред Мароко сега
е дуел со актуелниот шампион Франција во полуфиналето, а на средбата со
новинарите, селекторот Валид Реграги одговори на критиките дека негува дефанзивен стил на игра.

„Што ќе ми посед
на топка од 70% за да шутнеме два пати на гол? Ќе му кажам на Инфантино да дава
бод на тимот кој ќе има 60% или повеќе посед на топка“
– вели Валид Реграги со
насмевка на лицето.

„Тука сме за да
победиме, не да го имаме поседот на топката. Исто така, за да имате посед на
топка, треба да имате одреден тип на играчи. Погледнете го Манчестер Сити,
имаат 70% посед на топка ама со играчи како Де Брајне, Бернардо Силва…“

„Да, можеме да
зборуваме за „тики-така“, ама кога би имале соодветни играчи за ваков стил на
игра“.

„Мислам дека ова
најдобро го разбира Дидје Дешам, кој знае како да ја пприлагоди играта на
околностите. Против Англија имаа помал посед на топката а на крајот победија“.

„Какво фајде
имате од поседот доколку не постигнете гол?“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани