Дали фудбалерите на Саудиска Арабија добиле по еден Ролс Ројс за триумфот над Аргентина?

by
1 минути читање

На мундијалот во
Катар имаше неколку изненадувања, едно од нив беше победата на Саудиска Арабија
над Аргентина и тоа со пресврт во второто полувреме.

Се шпеклураше
дека фудбалерите ќе бидат богато наградени за големиот успех, имаше гласини дека
секој фудбалер ќе добие Ролс Ројс.

Сепак, првиот
човек на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија вели дека нема вистина во
ваквите написи.

„Не, не, не.
Нашите фудбалери играат за гордоста да ја претставуваат нацијата. Имаа чест и
среќа да ја преставуваат својата земја на историски натпревар. Гласините не се
точни. Секако дека добија бонус, но нормален бонус. Има правилник со кој се
одредуваат бонусите. Во секој случај, не играа за бонусот, играат за својата
држава. Играа за својата историја. Многу од нив станаа познати откако ја
победија Аргентина“
– вели Јасер Ал Мисехал во разговор со Марка.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани