Луис Енрике жали за дел од своите одлуки: Еден фудбалер ме разочара, сега не би го земал на мундијалот во Катар

by
1 минути читање

Луис Енрике го
даде првото интервју по неуспешната авантура на Светското првенство, сега веќе
поранешниот селектор на Шпанија беше гостин кај Ибаи Љанос на Твич.

Стратегот вели
дека жали за дел од своите одлуки, бил разочаран од еден фудбалер и од денешна
гледна точка, не би го повикал на мундијалот во Катар. Тој исто така смета дека требал да му даде поголема шанса на Пабло Сарабија, кој одигра само 5 минути.

„Се обидов на
мундијалот да ги однесам најдобрите и оние кои сметав дека се вклопуваат во
моите идеи. Најголемиот дел од фудбалерите на листата добија зелено светло од
целиот мој персонал. Кога сега би можел да променам нешто, еден фудбалер не би
повикал, и на негово место ќе вметнам друг. Нема да откривам име, но еден фудбалер ме разочара, не ми
се допадна тоа што го видов“
– вели Луис Енрике.

„Пабло Сарабија
заслужи поголема минутажа, а не само тие пет минути против Мароко. Од денешна
гледна точка, би го пуштил од првата минута. Не сум од оние кои се каат, веројатно
повторно ќе загубевме од Мароко, но од она што го покажа на тренинзите, заслужи
да игра многу повеќе“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани