Кој за кого гласал во изборот за Најдобар фудбалер

by
2 минути читање

Португалецот
имаше одлична 2016, со Реал Мадрид ја освои Лигата на Шампионите, а неколку
месеци подоцна со Португалија стигна до првата титула на Европските првенства.

За ваквата
постигнување, минатиот месец доби нова „Златна Топка“ од реномираниот француски
весник Лекип, а вчера очекувано беше прогласен и за Најдобар фудбалер на „Д
Бест“ церемонијата во Цирих.

ФИФА утрово ги
обелодени гласовите на селекторите и капитените на репрезентациите.

Роналдо добил
дури 34,54% од гласовите додека, Лео Меси 26,42% а последниот финалист Антоан
Гризман само 7,53%.

Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски и капитенот на „Црвено-жолтите“, Горан Пандев исто
гласале, двајцата го одбрале Кристијано Роналдо пред Лео Меси и Антоан Гризман.

Двата големи
ривали, Кристијано Роналдо и Лео Меси решиле да не се дадат признание еден на
друг за достигнувања изминативе 12 месеци и израбеле да ги наградат своите
соиграчи.

Позначајни
гласови:

Кристијано
Роналдо
(капитенна Португалија): Бејл, Модриќ, Рамос

Лео Меси (капитен
на Аргентина): Суарез, Нејмар, Иниеста

Дани Алвес
(капитен на Бразил): Меси, Нејмар, Суарез

Хамес Родригез
(капитен на Колумбија): Роналдо, Модриќ, Бејл

Диего Годин
(капитен на Уругвај): Суарез, Гризман, Иниеста

Вејн Руни
(капитен на Англија): Роналдо, Суарез, Варди

Серхио Рамос
(капитен на Шпанија): Роналдо, Меси, Иниеста

Џиџи Буфон
(капитен на Италија): Меси, Бејл, Роналдо

Хуго Лорис
(капитен на Франција): Гризман, Меси, Роналдо

Мануел Нојер
(капитен на Германија): Крос, Озил, Левандовски

Лука Модриќ
(капитен на Хрватска): Роналдо, Меси, Бејл

Арда Туран
(капитен на Турција): Меси, Нејмар, Иниеста

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани