Барела не го гледа Светското, во главата уште му е Македонија!

by
1 минути читање

Италија вторпат по ред не е на Светско првенство, овојпат Македонија ги исфрли во баражот и тоа со победа во Палермо.

Иако оттогаш помина многу време, Италијанците никако не можат да не заборават, таков е случајот и со Барела кој вели дека не ни го гледа Мундијалот.

„Не го гледам Светското во Катар, зашто не знам како ќе се чувствувам. Уште главата не ми е чиста после тоа големо разочарување со Македонија. Велат теренот секогаш говори, но за мене резултатот беше неправеден. Овој пат бевме ние, следниот може да му се случи на некој друг, но мислам дека европскиот првак или шампионот на Јужна Америка секогаш треба да игра на Светско првенство“, рече Барела.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани