Гвардиол е како Ролс-Ројс

by
1 минути читање

Јошко Гвардиол од поодамна е мета на големите клубови, тој силно се поврзува со Челси, но по неговите импресивни партии на Светското првенство, се очекува конкуренцијата за неговиот потпис да се зголеми.

Хрватот доби големи пофалби од легендата на Челси, Пет Невин кој го спореди со Ролс-Ројс.

„Задоволство е да го гледате Гвардиол како игра, тоа е како да гледате Ролс-Ројс. Тој дечко е брилијантен, а тоа најдобро се виде на натпреварот од четвртфиналето кога го чуваше Ришарлисон. Бразилецот е напаѓач кој лови се, се чини дека може да улови гулаб во лет, но не можеше да биде побрз од Јошко Гвардиол“, рече Пет Невин.

Невин кој од 1983 до 1988 година одигра 193 натпревари за Челси, вели дека Гвардиол за своите години покажува исклучителни работи.

„Стоперите се како вино, со годините стануваат се подобри, веројатно повеќе од било кои други играчи. Тие учат и тренираат со гидни. Потсетете се на повеќето стопери за кои сметате дека се одлични, и не се сеќавате баш на нивните први години. Тоа го прави Гвардиол чуден исклучок“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани