Кејн промаши пенал, Франција оди во полуфинале (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Французите одат меѓу четирите најдобри, им останаа уште две пречки за да го одбранат тронот. Англичаните не успеаа ниту на овој Мундијал да го остварат сонот за нова светска титула.

Резултатот беше отворен во 17. минута кога Чуамени постигна прекрасен гол од далечина за водство на Франција од 1-0.

По девет минути игра во вториот дел, беше досуден пенал за Англија, Кејн постигна гол за израмнување на 1-1.

Во 78. минута по асистенција од Гризман, Оливие Жиру даде гол и го врати водството на Франција, овојпат од 2-1.

Шест минути подоцна Кејн имаше нова шанса од пенал кој беше досуден по фаул на Тео Ернандез врз Маунт. Овојпат напаѓачот на Тотнем биеше високо над голот и не успеа да го изедначи резултатот.

Во преостанатиот дел од мечот Англија не успеа да постигне нов гол и да избегне пораз, Франција оди понатму.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани