Американски новинар почина на мечот меѓу Холандија и Аргентина, брат му се сомнева дека е убиен (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Тажни вести
пристигнуваат од мундијалот во Катар, новинарот Грант Вол починал откако му се
слошило на синоќешниот натпревар помеѓу Холандија и Аргентина.

Во првото продолжение
од натпреварот, 48 годишниот Американец колабирал на трибините во делот наменет
за новинарите.

Веднаш пристигнала
лекарска екипа, која откако му пружила прва помош, решила да го пренесе во
болница. Сепак сите обиди биле залудни, Грант Вол починал.

Во понеделникот Вол се пожали дека не му било добро, чувствувал притисок и нелагодност во горниот дел од градите. Бил во медицинскиот центар во каде што му рекле дека веројатно има бронхитис. Му дале антибиотици и сируп по што му станало подобро. Во четвртокот повторно не му било добро, по што пак го посетил клиничкиот центар. Но и покрај тоа отишол да известува директно од натпреварот меѓу Аргентина и Холандија и починал.

По веста за
смртта на Грант Вол, на социјалните мрежи се огласи неговиот брат, кој се
сомнева дека станува збор за убиство, откако новинарот на мечот помеѓу САД и
Велс се обиде да влезе на стадион со маичка во боите на виножитото како
поддршка за ЛГБТ заедницата.

„Јас сум Ерик
Вол, братот на Грант Вол. Јас сум геј. Јас сум причината поради која носеше
маичка во боите на виножитото. Мојот брат беше здрав. Ми кажа дека добил смртни
закани. Мислам дека тој не умре од природна смрт, мислам дека го убија“

гласеше пораката на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани