Познато е зошто Меси прослави непримерно пред клупата на Холандија, целта беше Ван Гал (ФОТО)

by
2 минути читање

Меси прослави погодок пред клупата на Холандија ставајќи ги рацете на уши. Брзо стигна објаснувањето зошто го направил тоа. 

Тоа го направил поради Хуан Рикелме. Тоа е типична прослава на Рикелме, која овојпат Меси ја направи пред Ван Гал.

Меси на тој начин сакал да се одмазди за лошиот третман кој го имаше Рикелме во Барселона кога Ван Гал беше тренер таму. Поради холандскиот стратег Рикелме си замина од Барселона.

Меси и во финишот од мечот влезе во расправија со Ван Гал, тргна да му зборува нешто, но Давидс и останатите кои се најдоа тука го разделија.

Ван Гал пред мечот имаше потценувачки изјави за Аргентинците, а тие многу емотивно ги сфатија зборовите на Холанѓанецот, па вчерашната победа им беше и слатка одмазда кон него.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани