Тите откри зошто Нејмар не шутираше пенал и повторно ја отвори старата дебата

by
1 минути читање

Бразил важеше
како голем фаворит во дуелот со Хрватска но „кариоките“ разочарани се враќаат
дома откако загубија на пенали.

Нејмар не беше
дел од фудбалерите кои шутнаа од белата точка а по крајот на натпреварот Тите објасни дека
фудбалерот на ПСЖ требал да шутира последен, но серијата не стигна до таму
откако Родриго и Маркињос промашија.

„Нејмар беше изведувачот
број пет, одлучувачкиот. Тогаш има голем притисок, и играчот кој е најдобар
пеналџија треба да шутира“
– рече Тите.

Селекторот на
Бразил со својот коментар повторно ја отвори дебатата дали најдобриот изведувач
треба да шутира прв или последен. Во многу случаи, пенал серијата се решава
многу порано, па последниот играч не доаѓа на ред и беспомошно гледа како
неговиот тим губи.

На мечот помеѓу
Аргентина и Холандија, „гаучосите“ се решија за спротивна тактика и Лео Меси како
најдобар, беше прв изведувач.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани