Драма со среќен крај за Аргентина, Холандија си оди дома (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Аргентина и Холандија одиграа драматичен меч кој беше решаван во пенал серијата, а таму блесна Емилијано Мартинез.

Резултатот беше отворен во 35. минута кога по една фантастична асистенција на Меси, Молина погоди за водство на Аргентина од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 73. минута кога Меси од пенал зголеми на 2-0. Во тие моменти се чинеше дека е крај, но Холанѓаните не мислеа така.

Ван Гал во игра го стави Вегхорст кој го промени натпреварот.

Високиот напаѓач во 83. минута успеа да намали на 2-1 и да ја врати Холандија во живот.

Во десетата минута од судиското продолжение Холандија имаше слободен удар. Кога сите очекуваа директен шут, Копмајнерс мајсторски го проигра Вегхорст кој со својот втор гол го израмни резултатот и ги постави конечните 2-2.

Натпреварот отиде во продолженија. Таму најголемата шанса ја имаше Фернандез кој ја погоди стативата во 120. минута.

Во пенал серијата Аргентинците го имаа Емилијано Мартинез кој важи за одличен голман за пенали, тоа го покажа и вечерва.

Мартинез ги одбрани пеналите на Ван Дајк и Бергус, а прими голови од Копмајнерс, Вегхорст и Лук де Јонг. За Аргентина реализираа Меси, Паредес, Монтиел и Лаутаро Мартинез, а промаши Фернандез.

Аргентина во полуфиналето ќе игра против Хрватска која го елиминираше Бразил.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани