Месут Озил и Кристијано Роналдо играа заедно во Реал Мадрид, па многу добро се познаваат.
„Навистина не сфаќам од каде доаѓаат тие постојани негативни објави за Кристијано Роналдо во медиумите… Медиумите само гледаат да добијат кликови, а критичарите кои веќе немаат кариера сакаат само да привлечат внимание со неговото големо име и се трудат да направат да изгледа лошо“, вели Озил.
„Тој наскоро ќе наполни 38 години, па изненадени сте што веќе не може да постигнува по 50 голови по сезона? Секој фудбалски фан треба да биде среќен да може да го гледа како игра на врвно ниво 20 години“.
„Не мислам дека некој од новата генерација ќе може да ги повтори неговите бројки. Тој секогаш ќе биде најдобар. Секој треба да покаже почит за еден од најголемите спортисти во историјата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.