539
Рома е во преговори со Барселона и со претставниците на Депај за позајмица на фудбалерот до крајот на сезоната.
Се верува дека Рома е фаворит во трката и покрај тоа што интерес за Депај има и од Манчестер јунајтед и Тотнем.
Според „Спорт“, Рома најконкретно работи да го донесе Депај во својот тим во јануарскиот преоден рок.
Мурињо има проблем со ефикасноста оваа сезона, па сака да внесе дополнителна конкуренција во офанзивата. Рома веќе потпиша со Солбакен, но Португалецот го сака и Депај.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.