Тите: Сакаме што е можно порано да ѝ дадеме гол на Хрватска

by
2 минути читање

Денеска Хрватска и Бразил ја почнуваат четвртфиналната битка на Светското првенство. Бразилците се голем фаворит, но Хрватите се силна репрезентација.

„Нашиот соработник Рикардо Гомес ни носи важни информации. Тој ја скаутираше Србија, а сега и Хрватска. Хрватите ни ги објасни до детаљ. Имаат играчи преку 30 години кои имаат искуство на големите турнири. Поседуваат голем индивидуален, но и тимски квалитет. Имаат технички многу добри играчи од средниот ред. Важно е нивно покривање. Сепак мојот фокус е на бразилскиот тим. Подготвени сме за нив. Ќе го креваме и спуштаме интензитетот во текот на мечот и сакаме што порано да дадеме голови. Ние мораме да ги повториме нашите стандарди, па кој ќе биде подобар нека оди понатаму“, вели Тите.

Тите повторно беше прашан за прославата на головите против Јужна Кореја кога тој и фудбалерите танцуваа. Некои тоа го сметаа за понижување на противникот.

„Ова не е мој тим, туку бразилски. Жал ми е што луѓето не ја познаваат бразилската култура и историја. Тоа го оставам на страна и се фокусирам на својата работа. Ја знаете мојата историја и мојата работа и знаете колку сум дискретен и колку ги почитувам ривалите. Односот кој го имам со младата генерација е фантастичен. Имам 61 година, а некои од нив по 21, можат да ми бидат внуци. Ќе продолжиме да танцуваме. Кога сликате слика, целата слика се спортисти. Ние допринесуваме од позадина таа слика да се наслика. Играчите се главни и на нив им припаѓа славата“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани