Почнува четвртфиналето на СП, први на мегдан излегуваат Хрватска и Бразил

by
1 минути читање

Од 16 часот дуелот ќе го почнат Хрватска и Бразил. Бразилците се главен фаворит за освојување на трофејот на Светското првенство, но Хрватите имаат одличен состав кој денеска сигурно нема да искочи со бело знаме.

Селекторот Тите ги загуби Жесус и Телес кои поради повреди си заминаа од Мундијалот, а неизвесен за денеска е и Алекс Сандро кој се мачи со мускулна повреда. Далиќ не знае дали ќе може да смета на Соса кој беше болен, и Станишиќ кој има мускулна повреда.

Хрватите беа финалисти на минатото Светско првенство, коцкестите и сега целат далеку, но пред себе го имаат најголемиот фудбалски џин. 

Мечот ќе го суди англискиот судија, Мајкл Оливер.

Вечер од 20 часот играат Холандија и Аргентина. Лео Меси го има последниот танц на Мундијалите, последна шанса да го освои Светското првенство. Неговите соиграчи рекоа дека ќе направат се за тој да го освои трофејот, но тешкото почнува од денеска.

Тројца фудбалери се неизвесни во составот на Скалони, Лаутаро Мартинез, Папу Гомез и Де Пол. Кај Холанѓаните не се знае дали ќе може да игра Де Вриј.

Судија на мечот ќе биде Антонио Матеу Лахоз од Шпанија.

Денес на СП:

16:00 Хрватска – Бразил

20:00 Холандија – Аргентина

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани