Истрагата
„Призма“ може да му донесе сериозни проблеми на Јувентус, покрај Фудбалската
федерација на Италија, целата ситуација внимателно ја следи и УЕФА.
Европската куќа
на фудбалот има свои правила за финансиски фер плеј, па останува да се види
дали овие правила се заобиколени со „штелувањето“ на сметките кое е направено.
УЕФА ги чека
документите кои ги прибра обвинителството
од Торино и може да покрене дисциплинска постапка доколку се утврди дека Јувентус ги прекршил правилата, и не работел во склоп на параметрите кои биле договорени.
И казната може да
биде најразлична, од парична глоба па се до исфрлање од европските
натпреварување.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.