Нова контроверзија, Роналдо одбил да тренира со резервите!

by
1 минути читање

Фернандо Сантош
синоќа повлече храбар потег, на клупа го седна Кристијано Роналдо и во старниот
состав го вметна Гонсало Рамош, кој претходно одигра едвај десетина минути на
мундијалот во Катар.

Но младиот напаѓач
на најдобар начин ја искористи укажаната шанса и постигна хет-трик, а Португалија
со 6-1 ја прегази Швајцарија.

На Кристијано
Роналдо не му беше сеедно, неговиот израз на лицето на клупата доволно
говореше. Фернандо Сантош
по крајот на натпреварот рече дека нема никави проблеми, но Марка пишува за
нова контроверзија.

Селекторот на
Португалија денеска закажал два тренинзи, еден на терен за оние кои беа резерви
вчера, и еден во теретана за оние кои беа стартери. Кристијано Роналдо требал
да тренира со првите, но во репрезентацијата биле изненадени кога ЦР7 не
истрчал на теренот и решил да работи со играчите кои од првата минута го
започнаа дуелот против Швајцарија.  

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани