Амрабат со солзи: Ноќта до три часот физиотерапевтите се обидуваа да ме оспособат, играв со инекции…

by
2 минути читање

26-годишниот фудбалер е фантастичен на ова Светско првенство, неговата цена на пазарот нагло е зголемена, а особено беше маестрален на дуелот со Шпанија.

Амрабат пред медиумите зборуваше со големи емоции, со солзи во очите објаснуваше како успеал да одигра 120 минути иако неговиот настап беше неизвесен поради повреда на грбот.

„На прашањето дали можев да играм, ќе ви кажам дека на денот пред мечот до три часот по полноќ физиотерапевтите се обидуваа да го направам невозможното. Играв со инекции, но не можев да ги оставам моите соиграчи и целата моја земја. Навистина сум среќен и горд“, вели Амрабат.

„Не мора ниту да кажам дека по еден ваков меч ние можеме само да бидеме горди за нашите луѓе и за сите. Прекрасно е. Вообичаено не сум емотивен, но денеска емоциите се на неверојатно високо ниво“.

„Шпанија имаше посед на топката, но ние се браневме, се боревме, ги дадовме нашите животи. Мислам дека ова е многу прекрасно за фудбалот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани