Роналдо демантира: Не е вистина дека сум потпишал за Ал Наср

by
2 минути читање

Пред некој ден „Марка“ лансираше бомба велејќи дека Роналдо се договорил со Ал Наср од Саудиска Арабија. Но брзо потоа стигнаа деманти дека не е така.

Сега и самиот Роналдо вели дека нема потпишано со тој клуб.

„Не, не е точно, не е точно“, изјавил Роналдо по мечот, пренесува Фабрицио Романо.

Португалскиот новинар, Педро Сепулведа тврди дека Роналдо ќе ја одбие огромната понуда од Ал Наср, тој не бара пари. Роналдо сака идеален проект и уште да игра на највисоко ниво. Негов приоритет е клуб кој ќе се бори за трофејот од Лигата на шампионите. Играњето во Азија не е опција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани