Луис Енрике: Одговорноста е моја, јас одбрав кои први тројца да шутираат пенал

by
1 минути читање

Шпанија беше еден од главните фаворити за освојување на Мундијалот, но доживеа елиминација во осминафиналето откако на пенали беше поразена од Мароко.

„Сега не е време да зборуваме за мојата иднина. Сакам да си го видам семејството и моите кучиња и да бидам таму за нив. Од следната недела ќе зборувам со претседателот. Засега не размислувам за мојата иднина“, вели Луис Енрике.

Шпанците шутнаа само три пати, толку им траеше серијата бидејќи сите тројца играчи промашија. Тоа беше една од најлошите пенал серии во историјата на Светските првенства на една селекција.

„Одговорноста е моја бидејќи јас ги одбрав првите тројца изведувачи, ги гледав нив како специјалисти. Останатите беа одлучени од тимот, но не ни дојдовме до ситуација да шутира четвртиот. Боно е спектакуларен голман“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани