Роналдо не ја одигра добро групната фаза од Светското првенство, а Португалија располага со одличен ростер во офанзивата, па Португалците во анкетите на медиумите во нивната земја бараа Кристијано да биде седнат на клупата.
Тоа мислење очигледно го делеше и селекторот Фернандо Сантош кој навистина го седна Роналдо на клупата и на негово место го стави напаѓачот на Бенфика, Рамош. 21-годишниот фудбалер блесна постигнувајќи хет-трик.
По мечот Фернандо Сантош беше запрашан за тој негов потег кој остави голем впечаток.
„Кристијано и Рамош се различни фудбалери. Нема никаков проблем со капитенот на националниот тим. Ние сме пријатели со години. Тој е пример за капитен“, изјави Фернандо Сантош.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.