Сензација, Мароко ја прати Шпанија дома! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шпанија беше еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство, но не успеа да го помине ниту осминафиналето, загуби од Мароко на кого му се даваа малку шанси за четвртфинале.

Шпанците имаа офанзива во текот на сите 120 минута, Мароко се бранеше далбоко со дисциплинирана и пожртвувана игра.

Интересно, Мароканците создадоа повеќе шанси од контра напади отколку Шпанците од позиционата игра која најчесто изгледаше безидејно. Тешко им беше да ја пробијат мароканската одбрана.

Во 123. минута Сарабија имаше голема шанса, ја погоди стативата од голот на Мароко. Можеби и беше во офсајд, но тоа нема да се дознае. По ова судијата отсвири крај и се изведуваа пенали.

Шпанија беше очајна од белата тошка, примаши три пенали од три шута. Сарабија, Солер и Бускетс не реализираа. Мароко шутна четирипати и даде три гола, погодија Сабири, Зијеш и Хакими, промаши Бенун.

Ова е тежок удар за Шпанија која веруваше дека има селекција за највисок дострел. Мароко во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Португалија и Швајцарија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани